Нова катастрофа во Полска: Македонија водеше шест разлика, па загуби од Романија

1133

Македонската младинска машка ракометна репрезентација не успеа да го запише првиот пораз на Светското првенство. Избраниците на Раде Стојановиќ во неизвесна завршница беа поразени од Романија со 27-28. По овој меч нашите момците ги загубија шансите да играат за висок пласман на Мундијалот.

Во првото полувреме најголемата позитива беше 14-8, додека пак на одморот резултатот беше 17-12.

Иако на стартот на вториот дел позитивата беше пет гола, сепак Раде Стојановиќ не најде начин како да ги искористи сите сили со кои располага. Нов пад во овој дел од мечот и неизвесна завршница во која противникот одлучно се снајде. Нашите ракометари не реализираа во важните момент, на другата страна Романците казнија за втора победа на овој шампионат.

Македонија утре е слободна, во сабота игра против Исланд во последниот меч од групната фаза.

ПретходноХаос на дербито во Либија, претепан судија, и запален гостински автобус
СледноНико Вилијамс се договори со Барселона, се чека „зелено светло“ од Атлетик