Ете, и тоа го има во женската кошарка, и тоа до селекции до 16 години. Имено младите кошаркарки на САД во 1/4 финалето на Американскиот Куп ги победија кошаркарките на Панама со 131:12. Неверојатен резултат, кој ќе биде запаметен во историјата на женската кошарка на Панама како историско понижување.
Уште по првата четвртина, која заврши со резултат 48:2, се виде каде, во која насока ќе оди овој меч. Во втората четвртина беше 28:6, додека во третата 30:4, а на крајот резултатот гласеше 131:12 или пораз на Панама од 119 поени разлика.
Интересно само три кошаркарки на Панама успеале да постигнат поени на овој меч и тоа Никилиз Алварез пет поени, Џезмин Флорес четири и Елијанис Кочеран три поени.
ФОТО: ФИБА
USA really put mega belt to ass against Panama
I can’t even imagine how demoralizing it is to lose by 119 points on the FIBA level when you have all of your countries best players on the floor pic.twitter.com/yNbPGxCcfS
— DC Bets (@DC_Bets_) June 21, 2025