Последните информации од Италија велат дека Јувентус и Наполи и тоа како се заинтересирани за услугите на репрезентативниот напаѓач на Англија, Џејдон Санчо. Тој во изминатата сезона беше дел од Челзи и тоа како позајмен играч на Јунајтед, но сепак не успеа да ги искаже сите свои квалитети и во редовите на “сините“ од Лондон па сега повторно за неговата судбина одлучува Манчестер Јунајтед со кого е под договор.
Интересно е тоа што пред неколку дена медиумите во Турција лиферуваа вести или шпекулации дека Англичанецот, по препорака на Жозе Мурињо ќе го засили Фенербахче, но ништо од тоа.
Најново е дека Џејдон Санчо својата кариера ќе ја продолжи најверојатно во Серија А, само прашање дали во Јувентус или во таборот на шампионот, Наполи.
ФОТО: ФЦ Челзи/Х