Шпанскиот весник Мундо Депортиво излезе со комплетен список на парични награди кои учесниците на Лигата на шампиони го добија. Истиот се темели според остварените резултати на екипите.
Вкупниот награден фонд изнесува 4,718,000 евра, а најмногу зааработи новиот првак Магдебург, вкупно 590.000 евра.
Македонскиот претставник, Пелистер ќе добие 180.000 евра за учеството во групната фаза во Лигата на шампиони. Најмалку парти заработи данскиот тим Фредерција – 155.000 евра.
Од тимовите кои учествуваа на фајнл-фор завршницата, Фуксе Берлин ќе добие 541,000 евра, Нант – 455,000, додека пак Барселона 379,000 евра.
1. Магдебург (Германија) 590.00
2. Фуксе Берлин (Германија) 541,000
3. Нант (Франција) 455,000
4. Барселона (Шпанија) 379,000
1/4 финалисти (1,118,000 евра)
5. Веспрем (Унгарија) 307.000
6. Пик Сегед (Унгарија) 271,000
7. Спортинг (Португалија) 270,000
8. Алборг (Данска) 270,000
1/8 финалисти (930,000 евра)
9. ПСЖ (Франција) 262,000
10. Висла Плоцк (Полска) 227,000
11. Кјелце (Полска) 221,000
12. Динамо Букурешт (Романија) 220,000
Групна фаза (705,000 евра)
13. Колстад (Норвешка) 195.000
14. Е.Пелистер (Македонија) 180,000
15. Загреб (Хрватска) 175,000
16. Фредериција (Данска)155,000