До пред некој месец беше тренер на Свонси, а сега работи на аеродром во Бристол!(ФОТО)

353

Интересна приказна од Островот и тоа за Лук Вилијамс кој до пред некој месец, поточно до февруари оваа година беше прв тренер или менаџер во Чемпионшип, во тимот на Свонси.

Интересно е тоа што Вилијамс сега работи на аеродромот во Бристол.

Негова фотографија на аеродромот, облечен во унифорам, беше објавена вчера на социјачните мрежи. Блиско лице до самиот Вилијамс, за медиумите потврдил дека некогашниот стратег на Свонси веќе две недели работел на аеродромот во Бристол.

Тој е задолжен да им помага патниците со попреченост и ограничена подвижност со цел да се движат низ терминалите на аеродромот во Бристол.

Инаку пред да биде тренер на Свонси, тој работел и како стратег на Нотс Каунти и Свиндон.

ФОТО: Х

ПретходноАлкараз го освои Квинс Клаб и нареди 18 меча без пораз
СледноКевин Дурант се договори со Хјустон Рокетс