Новото засилување на Барселона не излегува од дома поради закани

449
фото: FC Barcelona (X)

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, кој дојде од Еспањол, почна да добива бројни закани. Шпанскиот весник „Спорт“ објави дека 24-годишниот фудбалер добива повици од непознати броеви, од каде добива сериозни закани.

Шпанскиот голман одлучил да не излегува од дома освен за да посети некои пријатели и го сменил телефонскиот број. Исто така, се наведува дека Гарсија морал да го пропушти роденденот на неговиот поранешен соиграч од Еспањол од безбедносни причини.

Гарсија е дете на Еспањол, клуб кој се смета за најголем ривал на Барселона. Во сезоната 2024/25, тој одигра 36 натпревари во шпанското првенство, прими 49 гола.

ПретходноРаботнички замина за Охрид, договори уште две контроли
СледноКадриу е ново име во дресот на Работнички