Кадриу е ново име во дресот на Работнички

130

Досегашниот фудбалер на екипата на Шкупи, Флоријан Кадриу е ново засилување за екипата на Работнички. Вечерва тимот од здебар Маало го потврди потписот на договорот со Кадриу, кој е во период 1+1 година.

Кадриу минатото лето се врати во Македонија од албанскиот шампионат и потпиша за Шкупи. Во минатата сезона одигра 29 меча за чаирчани и постигна три гола.

Тетовецот ќе биде добро освежување за тимот на Марковски по десната странична позиција.

ПретходноНовото засилување на Барселона не излегува од дома поради закани
СледноРеал и со играч помалку не се намачи со Пачука