Оклахома со прва НБА титула, трагедија за Халибартон (ВИДЕО)

174
Фото: Оклахома X

Оклагома ја освои титулата во НБА. Во решавачкиот, седми натпревар од финалната сериј ја победи Индијана Пејсерс со 103:91. Ова е прва титула за Тандерс откако тимот се пресели од Сиетл во Оклахома. Иако титулата на Суперсоникс во 1979 година исто така формално се брои, во тимот и меѓу навивачите, овој трофеј не се смета за дел од историјата на Тандерс.

Еден од пресудните моменти се случи во осмата минута од првата четвртина. Тајрис Халибартон, најдобриот кошаркар на Индијана, мораше да ја напушти играта поради повреда, со помош од соиграчите. Откако беше потврдено дека нема да се врати на теренот, неговиот татко Џон изјави за ESPN: „Станува збор за повреда на Ахиловата тетива.“ Ако оваа дијагноза се потврди, се очекува пауза од 10 до 12 месеци.

Халибартон одлично го започна натпреварот – погоди три тројки и им помогна на Пејсерс да го преземат водството. Иако прогнозите за оваа серија беа незахвални поради честите пресврти, Индијана изгледаше одлучно и психолошки подготвено на стартот.

Во третата четвртина, Оклахома го подигна нивото на игра, тројките почнаа да влегуваат, а Индијана тешко доаѓаше до поени. Единствен кој повремено погаѓаше беше Т. Џ. Меконел. Во меѓувреме, Вилијамс и Холмгрен ја преземаа одговорноста, и разликата значително се зголеми. По третата четвртина, резултатот беше 81:68 за Оклахома, и победникот веќе беше јасен. До крајот немаше поголеми промени.

Шеј Гилџиус-Александер беше најефикасен со 29 поени, 12 асистенции, 5 скока и 2 блокади, тој го понесе признанието МВП. Вилијамс додаде 20 поени, 4 скока и 4 асистенции, а Холмгрен имаше 18 поени, 8 скока и 5 блокади.

Кај Индијана, најдобар беше Мачурин со 24 поени, 12 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки. Сијакам постигна 16 поени, ист број на поени имаше и Меконел.

ПретходноРеал и со играч помалку не се намачи со Пачука
СледноПроработе машината на Гвардиола: Сити го декласираше Ал Аин, деби гол за Черки