Најдобриот македонски кошаркар на денешницата Ненад Димтријевиќ ќе биде дел од националниот тим за претквалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Димитријевиќ и селекторот Марјан Илиевски имале разговор, а плејмејкерот се согласил да и помогне на Македонија за новите предизвици. Нашата најдобра репрезентација во август ќе игра против Унгарија и Романија, на принципот дома и на гости.
За потсетување после долго време во составот се враќа и Андреј Јакимовски, кој поради настап во НЦАА-лигата не беше во можност да биде дел од репрезентацијата.
Македонија во подготовките за СП 2026 година ќе одигра два контролни меча против Швајцарија во Гевгелија на 25 и на 26 јули.