Мусовски и Сиетл немоќни против ПСЖ, Атлетико со фото финиш победа

111

Македонскиот интернационалец, Дени Мусовски за својот тим Сиетл, одигра скоро едно полувреме во дуелот против актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите тимот на ПСЖ во рамките на Светското клупско првенство, но за жал не успеа да му помогне на својот тим да дојде до поволен резултат.

Најдобриот европски клуб во моментов обезбеди триумф од 2:0, преку головите на Кварацкелиа во првото полувреме и Хакими во вториот дел.

Фаворитот на овој меч доминираше, упати два пати повеќе удари кон противничкиот гол отколку Сиетл, па резултатот е и повеќе од реален.

Од друга страна, тимот на Атлетико Мадрид, со голот на Антони Гризман дури во 87. минута успеа да го скрши отпорот на бразилскиот тим Ботафого.

Во групата Б сега, три екипи ПСЖ, Ботафото и Атлетико Мадрид имаат по шест бодови.

ПретходноКристал Палас доведе аргентинец на голот
СледноАтлетико и со триумф е елиминиран и си оди дома