Палестинец е херој на светско клупско, го елиминираше Порто со хет-трик (ВИДЕО)

242
Фото: Ал Ахли/Фејсбук

Ново изненадување на клупското СП: По елиминацијата на Атлетико Мадрид, уште еден европски великан не успеа да ја мине групната фаза – Порто е елиминиран иако не загуби во последното коло.

Португалскиот клуб одигра 4:4 против Ал Ахли, шампионот на Египет, во Њу Џерси, но ремито не беше доволно за пласман понатаму. Во исто време, Интер Мајами и Палмеирас одиграа 2:2, што беше доволно тие два тима да продолжат во нокаут фазата од групата А.

Палестинскиот напаѓач Висам Абу Али постигна хет-трик и беше апсолутен јунак за Ал Ахли, кој и покрај сè исто така се прости од турнирот. Абу Али го отвори резултатот во 15. минута. Во судиското надополнување на првото полувреме, Абу Али реализираше пенал за 2:1 за Ал Ахли.  Во второто полувреме овој игралу му донесе водство на својот тим од 3:2, но Сануси во 53. минута донесе ново изедначување – 3:3

До крајот двата тима постигнаа по еден гол за конечни 4:4.

Иако мечот беше вистински спектакл, двата тима се елиминирани, а понатаму одат Интер Мајами и Палмеирас.

ПретходноАтлетико и со триумф е елиминиран и си оди дома
СледноСуарез со ремек дело го испрати Мајами на ПСЖ (ВИДЕО)