Српскиот репрезентативец стапи во бојкот: Или трансфер во Лацио или не тренирам!

851

Српскиот фудбалски репрезентативец Филип Костиќ го бојкотираше тренингот на Ајнтрахт Франкфурт денеска, со надеж дека ќе ги натера сопствениците на клубот да му овозможат трансфер до крајот на преодниот рок.

Како што пренесува германски „Билд“, крилниот напаѓач експлицитно бара да му биде дозволен трансфер во Лацио, додека неговиот клуб не сака да преговра со Лацио за негова продажба.

Костиќ денеска намерно го пропушти тренингот и на тој начин изрази револт против челниците на клубот. Ајнтрахт објави дека за Костиќ не пристигнала официјална понуда, но на големо се зборува дека Костиќ има устен договор со Лацио.

ПретходноУдинезе со прва домашна победа, падна Венеција (ВИДЕО)
СледноПСЖ не попушта: Одби и 180 милиони евра од Реал за Мбапе