Неверојатно: Јуве му го нуди Влаховиќ на Јунајтед, за возврат го бара Санчо!

277

Душан Влаховиќ и натаму е во центарот на вниманието, барем што се однесува до Јувентус. За Србинот се говори дека ќе си оди од Јуве, но во изминатиот период се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Турција, Бразил и тоа во Фламенго, Арсенал…

Најново е тоа што италијанскиот гигант му го понудил на Манчестер Јунајтед, и тоа во пакет со Даглас Луиз. Неверојатно е тоа што Јуве за возврат го бара Џејдон Санчо.

Значи Србинот и Бразилецот да одат во Манчестер Јунајтед а Санчо да дојде во Торино.

Малку чудно, но веројатно дека раководните лица на “Старата дама“ знаат што прават.

Инаку во изминатите неколку дена во медиумите во Италија, и тоа наводно на барање на Макс Алегри, имало преговори меѓу Милан и Влаховиќ.

ПретходноДалибор Ѓурѓевиќ главен на ВАР семинарот организиран од ФФМ
СледноКостадинов од денеска се приклучи на Сигма