Хаос на аеродромот во Порто, полицијата мораше да употреби и гумени куршуми! (ВИДЕО)

145

Уште едно разочарување за фановите на Порто, за клубот кој што е некогашен двоен европски првак. По дебаклот на Светското клупско првенство, експедицијата на португалскиот великан се врати дома, а таму на аеродромот беше жестоко пречекан од своите фанови. Имено тие покрај вообичаените свирежи и негодувања, фрлаа разни предмети по нив а и по автобусот во кои беа играчите и лицата од стручниот штаб. Во еден момент тие и го запреа автобусот, и затоа мораше да реагира полицијата која во неколку наврати испука гумени куршуми со цел да се спречи натамошна ескалација на протестите.

Инаку Порто на СКП во САД на трите меча во групата забележа две ремија, со АЛ Ахли (4:4) и Палмеирас (0:0) а беше поразен од Интер Мајани на Меси (1:2).

ФОТО: Скриншот Твитер

ПретходноОд Магдебург има тројца: Ова е идеалниот тим во сезоната 2024/25 во ЛШ!
СледноДалибор Ѓурѓевиќ главен на ВАР семинарот организиран од ФФМ