Многу тешка, комплицирана и несекојдневна ситуација се создаде со војната која што изби помеѓу Израел и Иран не само од политички и човечки аспект. Туку и од фудбалски.
Иран е една од првите репрезентации кои што избори пласман на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада кое е закажано за следното лето 2026.
Тоа би било се во ред, ако иранските државјани имаат забрана за влез во САД. Постојат посебни закони во легислативата на оваа земја, кои што дозволуваат евентуален влез на државјани од земји кои имаат забрана, а ФИФА планира да се потпре токму на нив.
Евентуален полесен начин да се речи оваа ситуација, е Иран да се стави во групата А, која што ќе игра во Мексико. Но, доколку Иран ја мине прелиминарната фаза, ќе мора да патува за САД секако.
Се оди дотаму што дел од медиумите споменуваат и суспензија на Иран по теркот на онаа која што и се случи на Русија.
Во носењето на одлуката по ова прашње улога ќе има Организацискиот одбор за натпреварување, во чие тело членови се претставници на домаќинот како и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.