Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов ја продолжи голгетерската низа во првенството на Унгарија.
Вечерва во меч од 5. коло, Залаегерсег на домашен терен беше поразен од Хонвед со 3:1, а единствениот гол за домашните го постигна нашиот стопер. Гостите имаа предност од 3:0 до 74. минута, кога Серафимов погоди за намалување на 1:3 со што го запиша својот втор гол сезонава во дресот на Залаегерсег.
Миловановиќ, кој исто така го почна мечот во стартната постава за домашните, се повреди уште во 23. минута и мораше да го напушти теренот.