Борусија со „минималец“ до прво место, Флуминензе со реми до осминафинале

32

Со голот на Свенсон во првото полувреме, фудбалерите на Борусија (Д) славеа над екипата на Улсан со 1:0 и со тоа го потврдија пласманот на првото место во својата група и место во осминафиналето на Светското клупско првенство. Германците очигледно и не се потрудија за премногу да се потрошат и одиграа онолку колку што беше потребно за победа.

Во вториот меч од последното 3. коло во оваа група, Флуминензе одигра 0:0 против Мамелоди и успеа да дојде до второто место кое носи во осминафиналето. Бразилците собраа 5 бода, еден повеќе од својот вечерашен противник.

Доцна вечерва се играат уште два меча, овој пат од групата „Е“, каде директен дуел за првото место ќе гледаме меѓу екипите на Интер и Ривер Плата. Во вториот меч се среќаваат Урава Ред Дајмондс и Монтереј.

ПретходноУ21: Германија со победа над Франција до финале
СледноАрсими се пофали со стопер од БиХ! (ФОТО)