Тофаш му посака добредојде на Емил Рајковиќ!

113
Фото: Тофаш/Фејсбук

Емил Рајковиќ после една година од разделбата со ЦСКА Москва се враќа на тренерската работа. Македонскиот стратег денеска и официјално беше промовиран како нов предводник на турскиот тим Тофаш, кој му посака добредојде.

Рајковиќ е претставен како тренер со големо искуство и раководството на клубот верува дека со него Тофаш ќе бележи добри резултати во тамошниот шампионат. Новиот тим на македонскиот стратег минатата сезона не успеа да се пласира во полуфиналето, беше елиминиран.

Рајковиќ има богато меѓународно искуство, претходно работеше во Полска, Русија и Казахстан.

ПретходноМладинците против Бразил за нова победа и шанса за место погоре (ЛИНК)
СледноМагијата заврши, Теодосиќ стави крај на кариерата: Не би менувал ништо…