Веќе е познато дека Мбапе се суди со Пари Сен Жермен околу 55 милиони евра што вклучуваат бонуси за лојалност и плати од минатата сезона. Неговите адвокати се обидоа да извршат притисок преку блокада на сметките, но судот пресуди во корист на клубот. ПСЖ ја базира својата одбрана на тоа дека Мбапе усно му ветил на Ал-Келаифи, пред сведоци, дека се откажува од бонусите и простува 55 милиони евра доколку не го продолжи договорот во 2024 година.
Иако фудбалската федерација пресуди дека ПСЖ мора да му плати на играчот, „светците“ ја префрлија целата работа на граѓанскиот суд. Изгледа дека целта е да се замори фудбалерот, односно неговата одбрана, бидејќи не е јасно како можат да се повикуваат на усмен договор.
Во секој случај, сега Мбапе отиде чекор понатаму – го тужи ПСЖ за изнуда и психичко малтретирање.
За што точно станува збор?
Фудбалерот тврди дека клубот извршил принуда во 2023 година кога го тргнале од тимот со услов да потпише нов договор. Оваа пракса постои и во други клубови, но во Франција постои сериозен отпор и силна критика кон ваквото однесување, и веќе неколку играчи поднеле слични тужби.
Ова е само ново поглавје во војната меѓу Мбапе и парижанит. Тој одби медијација и бара клубот да му го исплати целиот износ. Исто така, неговите адвокати побараа клубот да биде суспендиран од Лигата на шампиони сè додека не ги исполни обврските. Тоа засега не се случи, но ќе видиме што е следно. Според достапни информации, по тужбата судот отворил истрага и биле назначени двајца судии кои ќе го водат случајот.