Прво интернационално искуство: Игор Алексовски потпиша за Фљамуртари

177

Македонскиот репрезентативен голман, Игор Алексовски својата кариера ќе ја продолжи во албанскиот шампионат. Тој од денеска е член на прволигашот Фљамуртари каде доаѓа од тимот на Работнички.

За нашиот 30-годишен фудбалер ова ќе биде прво меѓународно искуство.

Алексовски претходно беше дел од екипите на Македонија ЃП, Вардар, Шкупи и Ренова.

ПретходноОфицијално: Кристијано Роландо во Ал Наср до 2027 година
СледноСитуацијата ескалираше: Мбапе ќе го тужи клубот за изнуда и психичко малтретирање