Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати ги помина медицинските прегледи во Монако и ќе потпише договор за позајмица за време на викендот. Клубот од Лига 1 постигна договор со Барселона за трансфер на крилниот напаѓач на позајмица до крајот на следната сезона.
Според информациите кои дојдоа вечерва, 22-годишниот фудбалер веќе ги поминал медицинските прегледи и ќе потпише договор со тимот од кнежевството најдоцна в недела.
Во сезоната 2024/25, тој одигра 6 натпревари без да постигне гол. Барселона имаше намера да го продаде, но сепак, само Монако испрати примамлива понуда за позајмица со право на откуп.