Англиска новинарка со жестока критика до Ѓоковиќ: Се гледа дека ти недостига многу за титула

276
Фото: АТП/Твитер

Англиските медиуми не покажуваат голема верба во Новак Ѓоковиќ пред неговиот настап на овогодишниот Вимблдон. Турнирот на лондонската трева започнува во понеделник, а весникот „Daily Express“ објави напис со наслов:

„Го видов единствениот меч на Новак Ѓоковиќ на трева пред Вимблдон – и тој има многу на што треба да работи.“

Новинарката Јасмин Саид го следела поразот на Ѓоковиќ од Карен Хачанов и заклучила дека не видела доволно за да поверува дека Новак може далеку да стигне.

„Тенисерите, особено искусните шампиони како Ѓоковиќ, многу често играат резервирано на егзибициски натпревари и ја чуваат најдобрата игра за кога е најважно. Со оглед дека првиот меч на Вимблдон е за само четири дена, Новак не сакаше премногу да се истроши и не трчаше многу по топката. Но, неговиот единствен меч пред турнирот покажа дека има работи кои мора да ги поправи, особено тоа што пречесто му подари поени на противникот. Тоа сега е добра основа за тренинг“, пишува Саид.

Таа гледала и тренинг-сетот со Карлос Алкарас, кој завршил 5:5, пред мечот со Хачанов.

„Ѓоковиќ беше расположен, се смееше и играше релаксирано. Но и тогаш, како и сега, беше неизвесно,“ додаде таа.

„Можеби беше фрустриран од неколку дупли сервис грешки, но 37-годишникот точно знае како да ја разбуди публиката на вакви натпревари. Следната недела, кога ќе го започне својот поход кон 25. грен слем титула, нема сомнеж дека ќе игра на далеку повисоко ниво од сега. А тоа и ќе му биде потребно ако сака да се носи со Јаник Синер и Карлос Алкарас,“ вели Саид и додава:

„Среќна околност е што Ѓоковиќ сега е во многу подобра состојба отколку во 2024 година, кога имаше операција на колено пред самиот турнир.“

ПретходноПред финалниот викенд: Иван Галевски е четвртти најдобар голман, Узунчев во Топ 10 стрелци
СледноГРК Охрид го официјализира Ѓукиќ: Ќе се бориме за клубот и за градот (ВИДЕО)