Акциите на Јунајтед пораснаа за 8%, милион следачи плус на социјалните мрежи

155

Кристијано Роналдо ефектот повторно ќе го „дрма“ Манчестер Јунајтед. По овјавата дека португалецот се враќа во дресот на тимот од Олд Трафорд, нормално е да има придвижување на сите полиња.

Економски, социјално, и пред се финансиски. Навивачите на Јунајтед се во екстаза, социјалните мрежи „вријат“, а статистиката вели дека официјалните профили на клубот добиле милион следачи плус откако е објавена веста за доаѓањето на Роналдо.

Аналогно на тоа, нормално, акциите на клубот, односно нивната вредност, на берзата скокна за 8%.

 

ПретходноИлиевски: Работнички ќе се надигрува со Ренова
СледноКлисман Цаке: Струга ТЛ ја чека тешко гостување во Кавадарци!