Луис Енрике по убедливиот триумф против Интер Мајами: “Одигравме перфектен натпревар!“

81

ПСЖ со 4:0 успеа да слави против Лео Меси и Интер Мајами со што се пласира во 1/4 финалето на Светското клупско првенство. Да не “дигнаа рачна“ избраниците на Луис Енрике во второто полувреме, таа победа ќе беше уште поубедлива. Едноставно европскиот шампион ја искажа сета своја класа и им влеа страв на конкурентите за пехарот на ова натпреварување.

Секако дека стратегот на “светците“ од Париз, Луис Енрике по мечот во Атланта и тоа како беше задоволен:

Да, чувството е одлично по еден ваков меч. Мислам дека одигравме совршен, перфектен натпревар. Создадовме многу шанси, можевме да победиме и поубедливо. Во првиот дел имавме висок ритам, додека во продолжение од мечот како да го намаливме темпото, што е и нормално по водство од 4:0. Можам да бидам задоволен од тоа што го покажавме“ посочи Луис Енрике и се надоврза на враќањето во тимот на Усман Дембеле:

Многу ми е драго што Дембеле се врати по повредата. Овие момци го имаат потребниот менталитет да продолжат да играат на овој начин. Секако дека има простор нашата игра и да ја подобриме“ заклучи стратегот на европскиот шампион.

ФОТО: ФЦ ПСЖ/Х

ПретходноСтруга ТЛ утре ги стартува подготовките, договорени се шест контроли!(ФОТО)
СледноШкендија Арачиново го промовираше Христијан Коцев! (ФОТО)