Повратникот во ВМФЛ, тимот на Шкендија Арачиново се пофали дека потпишала едногодишен договор со левиот бек Христијан Коцев (25). Коцев е роден во Скопје, но има бугарско државјанство, барем според Трансфермаркт.
Доаѓа од Скопје, а претходно играл и за екипите на Локомотива, Маџари, Кораб, Осогово, Кадино, Македонија ЃП, Победа, Панаргијакос од Грција.
Од таборот на Шкендија Арачиново му посакуваат добредојде и секако успешни настапи во новата средина.
ФОТО: Шкендија Арачиново/ФБ