Дојде во Реал за 50 милиони евра, сега ќе прави трансфер во Јувентус!

526

Големиот бразилски талент Ендрик е пред заминување од Реал Мадрид. Како што пренесуваат медиумите во Шшанија, новиот стратег на “кралевите“, Чаби Алонсо и не бил толку импресиониран од перфомансите на младиот Бразилец па сега се појави опција дека може да оди во Јувентус. Да потсетиме дека Ендрик требаше веќе да биде опција во нападот на “кралевите“, но во минатата сезона не покажа премногу, иако реално и не добиваше многу често шанса и минутажа кај Карло Анчелоти.

Сега во преден план е Гарсија, според Алонсо тој треба да биде класичен шпиц, а Ендрик сфатил дека нема место за него. Инаку ако веќе го продава, тогаш Реал не може да ги врати тие 50 милиони евра, ќе мора да се задоволи само со 35 милиони.

Сепак за тоа дали Ендрик си оди или останува, ќе решава Чаби Алонсо.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноПетровски се повлече, Мајнов е нов претседател на РК Аеродром! (ФОТО)
СледноАрсими потпиша со Армин Бешагиќ, играч за врска од БиХ!(ФОТО)