Арсенал и Ѓокерес конечно се договорија

321

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокерес, се договори со Арсенал. Според информациите двете страни ќе потпишат соработка која ќе трае до 2030 година.

Она што останува е во следниот период да се официјализира договорот.

Манчестер Јунајтед претходно беше заинтересиран за напаѓачот, но играчот одби да се пресели во тим кој нема да игра во Лигата на шампионите.

Минатата сезона, 27-годишниот Швеѓанец одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 54 гола и 13 асистенции. Неговиот тековен договор со Спортинг важи до крајот на јуни 2028 година.

ПретходноУште едно „НЕ“ од Ливерпул, само луда сума може да ги промени работите
СледноПелистер го дозна патот кој води до групната фаза во Лигата на шампиони