Манасков и следната година дел од Е.Пелистер

128

Искусниот македонски ракометар, Дејан Манасков потпиша нова соработка со тимот на Е.Пелистер, каде што настапуваше досега, факт кој што вели дека тој и следната сезона ќе биде дел од сега веќе актуелниот шампион на Македонија.

Левото крило и официјално „парафираше“ договор за следната 2025/26 сезона, со што ја израдува ракометна Битола.

Манасков има две титули шампион на Македонија со Е. Пелистер, а зад себе остави дури четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања. Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен, Веспрем…

 

ПретходноВладимир Мирковски е нов тренер на КК Работнички
СледноВиктор Велкоски е нов играч на Работнички