Луис Суарез ја завршува кариерата?!

123

Легендарниот Уругваец, Луис Суарез веројатно во декември ќе стави крај на својата блескава играчка кариера. Како што денеска пренесуваат медиумите во Шпанија, актуелниот напаѓач на Интер Мајами на крајот на оваа 2025 година му истекува договорот со клубот од МЛС и потоа нема намера веќе истиот да го продолжува или да бара нов клуб.

Суарез има веќе 38 години и на своите блиски им најавил дека е ДОСТА со играчката кариера.

Да потсетиме дека Уругваецот играше за Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Гремио а за селекцијата на Уругвај забележа 143 настапи и постигна 69 голови.

Во својот Уругвај тој е фудбалска икона.

ФОТО: ФЦ Интер Мајами/ФБ

ПретходноДали ќе има пресврт? Баерн ја зголеми понудата до Нико Вилијамс!
СледноЛејкерси создадоа нова голема тројка