Кој е главен фаворит за титулата на СКП? Ниту ПСЖ, ниту Реал, ни Баерн, туку…(ФОТО)

803

Пред почетокот на четвртфиналните мечеви на Светското првенство за клубовиви во САД, Опта пресмета дека тимот на Челзи има најголеми шанси за освојување на турнирот!

Навистина делуба неверојатно, но за тоа има објаснување. Имено причината е што Челзи е на „лесната“ страна од ждрепката, бидејќи во полуфиналето се соочува со Палмеирас, а потоа со Флуминенсе или Ал Хилал. На другата страна се четири европски тима – ПСЖ и Баерн, или Реал Мадрид и Борусија.
Опта пресметала дека Челзи има најголеми шанси – 26,44%, проследено од ПСЖ со 25,45% и Реал Мадрид со само 16,59%. На Баерн Минхен му се даваат 14,78%, на Борусија Дортмунд 7.88%, на Ал-Хилал 4,37%, на Палмеирас 2.93%, и на Флуминензе 1.56%. 

Секако дека ова делува интересно и по малку неверојатно, но сепак останува да видиме дали навистина така и ќе биде, дали навистина Челзи ќе биде победникот на овој турнир.

Јасно е дека според игрите и формата, ПСЖ делува страшно и моќно. Реал Мадрид никој не смее да го заборави а исто и Баерн Минхен.

Но во оваа пресметка на Опта има логика и ако Челзи дојде до финалето, тогаш во еден меч и тоа како ќе има шанси да дојде до пехарот.

ФОТО: ФИФА СКП/Х

ПретходноЛетен преоден рок: Галата го посакува Зомер, Скамака би можел да потпише со Милан, Астон Вила се распрашува за Феран Торес!
СледноДали ќе има пресврт? Баерн ја зголеми понудата до Нико Вилијамс!