Младиот 21-годишен кошаркар на ТФТ, Тома Стојаноски, го продолжи договорот со составот од Тафталиџе до 2027 година. Како што потврдија денеска од клубот, Стојаноски ставил параф на нов двегодишен договор.
Стојаноски кој е поранешен репрезентативец на Македонија до 18 и до 20 години, во ТФТ дојде од екипата на Гостивар за која настапуваше неколку сезони. Во ТФТ минатата сезона на 30 натпревари имаше просек од 6,6 поени и 4,0 скока по натпревар.