Македонскиот напаѓач Марио Илиевски официјално потпиша за екипата на Приштина. Од клубот потврдија дека Илиевски кој минатата сезона настапуваше во ЦСКА во Бугарија, следната сезона ќе го носи нивниот дрес.
„Марио го покажа својот потенцијал како способен и решителен напаѓач, оставајќи свој белег на тимовите за кои претходно играл во Бугарија, Унгарија, како и во младинските репрезентации на Македонија. Марио доаѓа со голема желба да го даде својот максимум и да придонесе со голови, енергија и страст во секој натпревар“, објавија од Приштина.
„Среќен сум поради овој трансфер, ова е одличен клуб и среќен сум што сум дел од Приштина. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе на секој натпревар за да се борам за титулата и повторно да играм во Европа“, изјавил Илиевски.