Португалскиот тенисот Франциско Кабрал денеска го заврши својот настап на Вимблдон. Заедно со неговиот партнер во двојки, ЛУкас Миедлер загубија од чешкиот двоец Ноуза – Рикл. Овој податок и не е така важен во грстот од мечеви кои се играат во Лондон во моментов туку, поважен е шпотегот на Кабрал кој ќе остане забележан.
Тој на белата маичка, дел од опремата која е обавезателна на Вимблдон, носеше црна врвца на рамото, во знак на почит кон загинатиот Диого Жота и неговиот брат кој страдаа во трагична сообраќајна несреќа.
Во оваа прилика организаторот направи сериозен преседан, кој нормално имаше далеку повисока цел, на строго бела опрема на играње на мечевите.
„Ми беше чест да ја носам оваа маичка. Иако поради тажна причина. Диого Жота беше инспирација за цела Португалија не само за мене“ – изјави тенисерот.