Сите на тренинг, сите на кафе…. во Тиквеш тимска атмосфера на стартот на подготовките

715

Веќе два дена како екипата на Тиквеш ги одработува летните овогодинешни подготовки. Кавадарчани стартуваа во домашни услови, како што е тоа вообичаено, а за десетина дена ќе заминат во Болу, Турција, каде што ќе биде зенитот на овогодинешниот подготвителен период.

Засилувањата се тука, почнувајќи од Тасев и Стевковски на голот, преку Ацковски, Илиески, Рамадани, а се очекуваат уште неколку новитети.

Претпладнево, екипата на чело со капитените, на заедничко кафе, покажа дека не само што е обединета на терен туку е и надвор од него. Атмосферата во тимот е многу значајна, а тоа Тиквеш очигледно го има на своја страна.

ПретходноДечиќ го смени тренерот пред двомечот со Силекс
СледноБони и официјално е дел од Интер