Тиквеш има ново засилување во дефанзивата. Станува збор за Бесир Рамадани кој е најновата аквизиција на кавадарчани.
25-годишниот фудбалер доаѓа од екипата на Гнилане од Косово, и ќе треба да ја засили дефанзивата на кавадаречкиот тим. Тој има искуство и во екипата на Приштина, а во домашниот шампионат играше за Струга ТЛ, Шкупи, Гостивар…