Качанов и Фриц се дел од четвртфиналето на Вимблдон

57

Денеска на програмата на Вимблдон е новата рунда на мечеви во машка и во женска конкуренција кои ќе ги дадат четвртфиналистите во овогодинешното издание.

Програмата започна со дуелот помеѓу Карен Качанов и Камил Мајчзак кој што фаовритот го доби со искусни и реални 3:0. Пољакот немаше шанси на овој меч и истиот го загуби со 6:4, 6:2 и 6:3 по сетови.

Следуваше потоа дуелот помеѓу американецот Фриц, кој што е петти носител и Томпсон од Австралија. Истиот не траеше предолго затоа што при резултато 1:0 во сетови и 3:0 во вториот сет за Фриц, Томпсон го предаде мечот.

Токму Качанов и Фриц е првата четвртфинална двојка на овогодинешниот Вимблдон во машка конкуренција, додека пак останатите двојки ќе се дознаат во текот на денот.

ФОТО KACHANOV X

ПретходноТрета шанса за победа: Јуниорките на „мегдан“ со Шведска (ЛИНК)
СледноБадел 1862 потпиша Американка која минатата сезона беше МВП во Англија