Актуелниот бранител на Куп титулата, и воедно најтрофејниот македонски фудбалски колектив, тимот на Вардар летово повторно е наш претставник на интернационална сцена. По 2018/2019 сезоната и двомечот со Пјуник од Ереван, Вардар за прв пат доби право да ја претставува Македонија на меѓународно ниво, што секако е големо освежување за армијата навивачи.
Историјатот на Вардар на меѓународно ниво започнува секако далечната 1961/62 и оној легендарен трофеј во Купот во екс Југославија. Мечот одигран на 25.10.1961 година Вардар го губи со 5:0, за да во реваншот биде 2:0, секако победа прениска за пласман понатаму.
Дваесетина години подоцна, 1985/86 добиен е двомечот со Динамо Букурешт, (2:1. 1:0) за да се закаже дуел со повторно противник од Шкотска, Данди Јунајтед. Гостинските 2:0, и домашните 1:1 се премалку за успех.
Титулата во Југославија и двобојот со Порто
Третиот излез во Европа на Вардар ќе остане во срцата на сите негови навивачи. По освоената титула во шампионатот на Југославија, на 16.09.1987 Порто гостува во Скопје, но во моментот е пресилен и го добива дуелот со 0:3. Реваншот е само формалност и завршува со иститот резултат.
Групната фаза во Лига Европа, круна на досегашните евро авантури
По осамостојувањето, Вардар реално остана број еден клуб во Македонија и во деведесеттите и првата деценија од новиот милениум беше нашиот најредовен клуб во Европа. Се изредија еден куп екипи во Скопје, но секако врвот беше достигнат дури во сезоната 2016/17 година. Кога Вардар најпрво преку квалификациите за ЛШ, а потоа и оние за Лига Европа, за прв пат успеа да се пласира во групната фаза од едно елитно европско натпреварување.
Противниците беа Реал Сосиедад, Зенит Роземборг, а Вардар оттогаш само уште еднаш успеа да излезе во Европа. Токму во споменатиот двомеч со ерменски Пјуник кој што го загуби со 0:2 и 0:1.
Вкупно, Вардар одигра досега 72 мечеви во Европа, со скор од 16 победи, 17 нерешени и 39 порази.
Конечно, в четврток Вардар ќе го одигра својот 73. дуел во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА, против тимот од Сан Марино, Ла Фиорита на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:30 часот. Да се надеваме дека овој меч ќе биде старт на една позитивна, победничка низа, која што на Вардар ќе му донесе долго европско лето годинава.










