Нико Вилијамс уште еднаш, по вторпат за две години, го изненади фудбалскиот свет објавувајќи дека останува во Атлетик Билбао иако се договорил за трансфер во Барселона. По ова медуимите во Шпанија, а посебно во Каталонија, откриваат голем скандал, посочувајќи дека главен виниовник што Нико не е во Барселона, е претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Каталонците преговараа со Нико Вилијамс во претходните недели и беа подготвени да ја платат неговата откупна клаузула од 58 милиони евра, а младиот шпански играч се согласи да оди во каталонскиот клуб.
И кога се очекуваше неговиот трансфер да биде официјализиран, се случи неочекуван пресврт бидејќи Вилијамс одлучи да остане во Билбао, со кого потпиша нов договор. Ова е втор пат за само една година Вилијамс да ја понижи Барселона на таков начин, иако овој пат Каталонците беа сигурни дека тој доаѓа и дека неговиот потпис е решено прашање.
Ваквиот исход силно ги потресе челниците на Барселона, и наводно тие веруваат дека претседателот на Ла Лига, кој имал состанок со челниците на Атлетик два дена пред одлуката на Вилијамс, е виновен за сè. Шпанските медиуми објавија дека голем скандал е на повидок бидејќи Тебас бил обвинет дека направил неприфатлива работа на состанокот со челниците на клубот од Баскија и им открил доверливи информации. Тебас е обвинет дека на споменатиот состанок им кажал на челниците на Атлетик дека дал информации за финансиите на Барса и фактот дека регистрацијата на Вилијамс нема да биде едноставна, и дека сè се променило таа ноќ.
ФОТО: Ла Лига/Х