Карлос Алкараз лесно се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако денеска убедливо го совлада локалниот фаворит, Камерон Нори, со резултат од 3:0 (6:2, 6:3, 6:3).
Ова беше 19-та победа по ред за Алкараз на Вимблдон. Шпанецот ги освои претходните два турнира и сега ќе игра против Тејлор Фриц во полуфиналето.
Во женска конкуренција првата полуфинална двојка ја составија Арина Сабаленка и Анисимова од САД. Сабаленка во три сета славеше над Зигемунд од Германија, додека Американката во два сета ја „среди“ Пављученкова.