Чурлинов стартер, Шалке со пресврт славеше против Фортуна (видео)

451

Екипата на Шалке ја забележа втората победа во германската Втора лига откако вечерва со 3:1 ја победи Фортуна од Дизелдорф во рамките на 5. коло. Апелкамп со гол во 12. минута донесе предност за Фортуна, а потоа Белтер и Терод го свртеја резултатот во корист на Шалке. Терод во финишот на мечот со својот втор гол ја запечати победата од 3:1.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше на теренот од првата минута и играше до 76. минута кога беше заменет од Ајдин.

Чурлинов пред една недела беше асистент за гол во поразот од 4:1 на Шалке против Јан Регензбург. Шалке успеа да се рехабилитира со вечерашната победа на домашен терен. Тимот од Гелзенкирхен има седум бода по пет одиграни кола.

ПретходноСуперкупот на Албанија за Тодоровски, Ѓорѓиев и Целески
СледноРаботнички и се заблагодари на Ренова за спортското џентлменство