СЕНЗАЦИЈА ВО ТОРИНО: Емполи слави победа против Јувентус! (видео)

252

FOTO>Twitter/Empoli Fc Official

Сензационален резултат на „Алијанц стадионот“ во Торино. Емполи ја впиша една од најзначајните победи во историјата на клубот, славеше со 1:0 против Јувентус и тоа во гости! Да биде уште поинтересно ова е само трета победа на Емполи над Јуве во Серија А во својата историја. Претходно „сините“ славеле над „Старата дама“ во април 1999 година.

Храбриот Емполи победи со голот на Макусо во 21. минута. „Старата дама“ која остана без Кристијано Роналдо во овој преоден рок не успеа барем да спаси бод. Тренерот Макс Алегри направи четири измени на почетокот на второто полувреме, ги измести и своите фудбалери но сето тоа не вроди со плод.

Емполи оддолеа на сите убиди на Кулушевски, Мората, Бернардески, Киеза, Бентакур…

Јуве го впиша првиот пораз во новата сезона, а Емполи првата победа.

Претходно„БОМБА“ ПОД ШАРА: Бесарт ја напушта Шкендија и потпишува за Ксанти
СледноМлад руски голман починал на терен, лекарите еден час се обидувале да го спасат