По мечот во Маџари исклучени биле тренерот на „пиратите“ Марковски и Најдоски!

1453

Вчера на “Борис Трајковски“, Шкупи во скопската пресметка против Скопје победи со 4:1. Сепак овој натпревар имал свое “трето полувреме“. Имено поради навреда кон службените лица, исклучување заработиле тренерот на гостите, Љупчо Марковски и фудбалерот Дино Најдоски.

Претходно, во самиот финиш на мечот, исклучување заработил и претставникот на гостинската екипа, Игор Тодоровски.

Навистина било „жешко“ на Маџари, посебно по завршување на скопското дерби. Допрва ќе се знае каква санкции ќе сносат лицата кои добиле исклучување.

ПретходноМбапе со објава на Инстаграм ги разочара навивачите на Реал
СледноМарка: Халанд се качи во авион, ПСЖ го купува?