Официјално: Стефан Ристовски е нов фудбалер на Сараево!

169

Она што го најавивме денеска, вечерва добива и официјална потврда. Искусниот македонски интернационалец Стефан Ристовски е ново засилување за босанскиот фудбалски гигант Сараево.

Вечерва од Сараево и официјално го потврдија потписот на договорот со Ристовски, кој по 13 освоени трофеи во Хрватска и Португалија сега ќе се обиде да му помогне на Сараево во трката за што подобри резултати и на домашната, а особено на меѓународната сцена.

ПретходноНатпревар од Серија А ќе се игра во Австралија!
СледноВардар доминира, но без реализација по првото полувреме