Денеска некаде после 17 часот спектакл на Вимблдон, полуфинале кое сите го очекувавме. Во битка за големото финале, се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер. Србинот е најдобриот на сите времиња и го посакува токму сега на овој турнир својот 25-ти гренслем трофеј, додека Италијанецот, кој дотука дојде со невидена среќа по оној меч со Димитров, е најдобар според АТП листата.
Познато е се она поврзано со допинг скандалот во врска со Јаник Синер, тој и беше суспендиран на три месеци, но во пресрет на денешното полуфинале, и онака зовриената атмосфера дополнително ја подигнаа медиумите во Англија, а посебно Дејли Мејл со својот коментар:
„Кој верува во чист спорт ќе навива за Новак Ѓоковиќ и ќе се надева дека Србинот ќе победи“…
По ова Италијанците збеснаа. Медумите во таа земја и тоа како имаа што да кажат.
Сепак, Синер беше “фатен“ и затоа беше суспендиран!
Во секој случај очекуваме спекткакуларно полуфинале.
ФОТО: Новак Ѓоковиќ/Х