Бојан Маркоски (Работнички): Не заслуживме така висок пораз!

197

Синоќа во Жомбатели (Унгарија), Работнички во својот прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, беше поразен со 3:0 од Торпедо Белаз. Па така се чини дека реваншот во Скопје ќе биде само формалност.

По поразот, тренерот на Работнички, Бојан Маркоски имаше свој коментар:

Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0. Противникот беше поискусен тим, знаеше тоа да го искористи, го отвори резултатот од корнер, од воиграна акција која пред мечот им ја напоменавме на играчите. Првите 15 минути имаа контрола, потоа беа и многу подобар тим. Ние имавме една шанса пред крајот на првото полувреме која требаше да ја реализираме. Го започнавме вториот дел подобро, но имаше две ситуации во кои не реагиравме најдобро и тие постигнаа уште два гола. Еден шут заврши во мрежата, а во судиското продолжение беше неприфатливо да примиме уште еден гол. Но, има уште еден натпревар во кој ќе се обидеме да ја надоместиме негативата, не се откажуваме, ќе го дадеме максимумот.“

ФОТО: ФК Работнички/ФБ

ПретходноМодриќ го “круниса“ својот наследник во Реал Мадрид!(ВИДЕО)
СледноТрансфери: Барџи денеска потпишува за Барса, Мадуеке веќе е на „Емирејтс“, Чаби Алонсо отпиша тројца и бара нов дефанзивец!