Нов трофеј за Кирил Лазаров и Нант

181

Кирил Лазаров и Нант продолжуваат со одлични игри за време на подготвителниот период. По освојувањето на турнирот во Баскија, францускиот тим го освои и претсезонскиот турнир во Гаја (Португалија).

Предводникот на нашиот најдобар национален тим и капитен, и неговите соиграчи беа подобри од Порто на Никола Митревски со 39:32 (16:16) и против АЕК Атина со 29:23 (17:12).

Идниот викенд екипата на Нант ќе учествува на турнир во Лимож, каде покрај домаќинот, ќе играат и француските прволигаши Ним и Монпелје.

ФОТО: Нант/Marco Barbosa

ПретходноМарка: Халанд се качи во авион, ПСЖ го купува?
СледноВМФЛ-ЗАПАД: Силекс и Вардар некогаш “дрмаа“ во мак-фудбалот, денеска играат дерби во втора лига!