Младиот напаѓач на Реал (М); Ендрик би можел да пропушти значителен период од новата сезона поради повреда.
Напаѓачот на Реал Мадрид заработи повреда на тетивата во последниот натпревар од Ла Лига против Севиља (2-0), поради што не учествуваше на Светското клупско првенство.
Бразилецот отпатува за САД и во понеделникот учествуваше на дел од тренингот со тимот пред натпреварот со ПСЖ (0:4). Сепак, играчот неодамна доживеа рецидив на повредата.
Како што објавија неколку медиуми блиски до „кралевите“ Ендрик би можел да отсуствува од терените во следните два месеци. Наскоро се очекуваат детали за новата повреда.