Новиот прволигаш Башкими утре заминува во Бугарија каде во Банско ќе ја реализира главната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона. Пред заминувањето од клубот најаваија дека очекуваат тимот да биде засилен со некои нови имиња, а и за време на престојот во Банско се планираат дополнителни засилувања со кои ќе се комплетира тимот за следната сезона.
Кумановскиот состав веќе закажа и контролни средби за проверка на формата. Првиот меч ќе биде веќе во понеделник кога ќе одигра меч со екипата на Слатина, на 20 јули закажан е тест-меч со Аркадаг од Туркменистан, додека два дена потоа ќе се тестира и со екипата на Политехника од Романија.
По враќањето во Македонија тимот закажа и тест со екипа од Косово.