Фото на денот: Стефан и Крсте за “МАКЕДОНСКО“ Сараево!

158

Сараево е најголемот и најпознат клуб во БиХ. Некогашен двоен шампион и во некогашна СФРЈ. Сараево важи за еден од најголемите клубови на овие простори, и овие денови, овој клуб полека но, сиурно станува по малку и “МАКЕДОНСКИ“.

Како прво Крсте Велкоски беше назначен за спортски директор, и тоа како голема клупска легенда. А на Велкоски една од првите работни задачи во своето Сараево му беше да го донесе Стефан Ристовски, еден од нашите најдобри фудбалери и репрезентативци во изминатата деценија. И во тоа успеа.

Стефан од Динамо Загреб се пресели во Сараево.

Дека задоволство од овој трансфер има и кај двајцата тоа убаво се гледа од фотографијата каде што и двајцата задоволно се смешкаат.

Токму затоа ова фото на која Крсте го промовира Стефа, за нас е фото на денот.

Останува да се види дали набргу новиот спортски директор на Сараево ќе го заврши и трансферот на уште еден македонски репрезентативец, оној најавен на Агон Елези.

ФОТО: ФК Сараево/ФБ

ПретходноРепрезентативец на Србија колабираше на терен!(ФОТО)
СледноБашкими не знае за доста: Бихорац повторно во ПМФЛ!(ВИДЕО)