ЖФК Љуботен објави дека потпишале договор со бразилската интернационалка Жосеан Де Фреитас Азеведо или скратено Лулу. Инаку таа веќе еден месец е дел од Љубтен само што сега ќе потпише договор.
„Популарната Лулу како што е позната во Бразил речиси еден месец е дел од нашиот колектив по што може да констатираме дека ЖФК Љуботен го доби едно од најквалитететните интернационални засилувања во домашниот шампионат ако не и најдоброто. 33 годишната искусна и прекалена Лулу во својата кариера настапуваше за повеќе Бразилски прволигаши исто така има настапувано и во шампионатот на Израел со што гарантира дека ЖФК Љуботен во новата сезона ќе има гранитна одбрана.
Патот до успехот мора да се изоди со квалитет и работа а Лулу со својот професионализам го донесе во екипата“, соопштија од клубот.